Летање со параглајдер – Ваучер
Замислете си како си леткате низ небото, ветарче во косата и глетки поради кои и птиците ќе ви љубоморат. Се разбира, сето ова се одвива во присуство на стручен параглајдерист.
Дали знаете дека Крушево е помеѓу најдобрите светски дестинации за параглајдеристи?! A, параглајдеристите со кои што ќе летате поседуваат меѓународен сертификат и исто така учествуваат секоја година на меѓународните натпревари во параглајдеризам кои се одржуваат токму во нашето Крушево.
Валидноста на овој ваучер е 6 месеци и можете да го подарите или искористите самостојно. Совршен e за оние кои трагаат по возбуда, љубители на природата или за сите кои се изморени од редовните активности на Земјата. Во ваучерот е вклучен транспорт до местото на полетување и назад, и лет од Водно (времетраење 1-2 часа), Скопска Црна Гора (2-3 часа) или Попова Шапка (3-4 часа). (Во времетраењето е пресметан и превозот) Местото на полетување зависи од временските услови, а терминот за тандем летот е по договор со тандем инструкторот со кој што ќе летате.
Зошто да давате здодевен подарок кога некому можете да му ги подарите клучевите од облаците?!
*Учесниците под 18 години мора да имаат присутен родител или законски старател. Учесниците мора да тежат не повеке од 110 кг (240 фунти). Да бидат просечно здрави и за сите релевантни медицински состоjби да гo известат инструкторот. Патникот не смее да биде под деjство на алкохол или дрога за време на летањето. Со купување на овој ваучер потврдувате дека сте ги прочитале и сте согласни со условите.
5.200,00 ден




